Се повеќе алергични на зачини– Ризикот поголем кај жените


Во текот на изминатите неколку недели пристигнаа предупредување за алергии од мачки и кикирики, за да сега, научниците на Американскиот колеџ за алергии, астми и имунологија, на оваа листа додадат уште едно ново предупредување, зачините.


Спајс алергијата влијае до три проценти кај секој од нас, но експертите предупредуваат дека е под-дијагностицирана, поради недостаток на вердодостојни тестови.
Алергологот докрот Сами Бахна, на државниот универзитет во Луизијана, изјавил „Со постојаното зголемување на употребата на зачините во нашата исхрана и различната козметика која што ја користиме, би можело кај повеќе луѓе да се развие ваквата алергија“.
Тој додадал дека кај жените има поголема веројатност да се развие алергијата поради поголемата употреба на зачините во козметиката.

Шминката, телото, маслото, пастата за заби и мирисите, сите овие работи во себе вклучуваат еден или повеќе зачини. Оние со полен од бреза исто така се склони на алергија од зачин.
Алергиите можат да бидат предизвикани и од цимет, лук, но може да бидат и предизвикаи и од црн пипер па дури од ванила.

Колку е појак зачинот толку е поголема шансата да се заразите од некаква алергија. Покрај тоа зачините не можат да се забележат на етикетите на храната, што ги прави можеби најтешки алергенси за да се идентификуваат или да се избегнат.
„Пациентите со зачин алергии, често мораат да преземаат екстремни мерки за да го избегнат алергенсот. Ова може да доведе до строги диетски избегнувања, низок квалитет на животот, а понекогаш и неухранетост“, вели доктор Бахна.

Сепак добрата вест е дека вриењето, печењето, пржењето и други форми на примена на топлина, може да го намали ризикот од алергија.
Алергиската реакција може да биде предизвикана од дишењето, јадењето или допирот на зачините. Симтомите варираат од благи кивања, до опасни по живот алергиски реакции познати како анафилакса.
Според доктор Бахна, алергиите од зачините можат да се појават кај луѓе кои што имаат повеќе реакции на неповрзана храна, како и кај оние кои што реагираат на храна која е комерцијално подготвена, но не и кога е домашна зготвена.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1