Нов материјал штити од куршуми и микрометеорити




Тестовите на наноструктурата на новот материјал покажуваат дека тој може да претставува добар штит од куршуми и микрометеорити.

Истражувањата на MIT и Rice University докажале дека не мора да станува збор за тежок и дебел материјал за тој да претставува заштита, дека лесен и тенок материјал може да го постигне истиит ефект.

Тајната е во комбинирање на компоненти од два или повеќе материјали чија цврстина и флексибилност се специфично структурирани.

Тимот кој работеше на создавање на заштитен материјал успеа да создаде само-организиран полимер кој се состои од гумен слој кој дава отпорност, и стаклен слој кој дава цврстина.

Потоа беше откриен метод за испукување на стаклени зрна кон материјалот со огромна брзина употребувајќи ласерски пулс за брзо испарување на материјалот под површината. Иако зрната биле многу мали, тие биле илјадници пати поголеми од слоевите на полимерот.

Овој материјал може во иднина да биде искористен за изградба на паски за возила, штитови за сателити и др.

Овој проект е поддржан и од страна на U.S. Army Research Office.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1