Oткриена неолитска населба стара 8,5 милениуми


Виетнамски и странски археолози денеска објавија дека се пронајдени и потврдени силни докази за постоење на организиран живот во централното подрачје на сегашен Виетнам уште во времето од 6.500 до 4.700-та година пред нашата ера.

arheologijaАрхеолозите сметаат дека откриените гробници и споменици, како и човечки и животински остатоци од тој период ќе имаат големо значење за изучување на развојот на човештвото.

Првите ископувања, направени минатата година, укажале на постоење на голема неолитска населба во провинцијата Тан Хоа, а се поврзуваат со се уште мистериозната Да Бут цивилизација од пред осум и пол илјади години.

Содржината на седумдесетте добро зачувани гробови, како и остатоците на животни, како што се елен, лос и неколку видови школки, според научниците, треба да помогнат и за проучување на историјатот на глобалните климатски промени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1