Продавале лажни акции – над 100 уапсени во САД и Европа


Преку сто лица се уапсени во досега најголемата меѓународна полициска операција против продажбата на лажни акции, спроведена во неколку земји од Европа и во САД.

Главнината на операцијата е изведена во Велика Британија и во Шпанија, каде се уапсени најголем дел од осомничените.

dolar berzaШпанската полиција уапси 84 лица, британската 24, српската четири, а америанската две. Само во операцијата на територијата на Шпанија, учествувале 300 полицајци, меѓу кои 40 биле Британци.

Операцијата запонала со рација на лондонската полиција, која привела и луѓе за кои е утврдено дека биле поврзани со криминалното подземје и со дистрибуција на дрога.

Целна извршените полициски рации биле криминалните банди кои ги мамеле луѓе убедувајќи ги да вложуваат во лажни и безвредни акции.

Во оваа операција, изведена под шифрираното име „Рико“ досега само во Велика Британија се откриени 850 жртви на измамата, но полицијата во Лондон верува дека конечната бројка на измамените изнесува повеќе илјади.

Сите тие купувале лажни акции за суми од 2.500, па до 60.000 евра, што сега се неповратно загубени.

Најголем дел од купувачите се луѓе на возраст од четириесетина година, кои се надевале побрзо и полесно да дојдат до повеќе пари, но има и многу стари лица на возраст од над 70 години кои очекувале да си обезбедат доволно средства за до крајот на животот.

Криминалците кои во најголем број оперирале на шпанска територија, им нуделе безвредни акции на овие луѓе од добро познати фирми и компании, ветувајќи им заработувачка од 10 до 20 отсто годишно.

Измамниците имале сметководители, обучени перачи на пари и адвокати во своите прикриени „брокерски“ канцеларии и бројни продавачи на „акциите“ регрутирани, најчесто, меѓу студенти кои добро го зборуваат англискиот јазик.

Според претставник на британската полиција, заедничката операција траела две години. Полицајците при апсењето извршија и заплена на скапиот имот на измамниците, во луксузните квартови во Барцелона и во Марбеља на југот од Шпанија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1