Глувците воопшто не сакаат сирење, биковите не мразат црвено – заблуди во кои веруваме


Секако дека анимираните филмови оформија некои уверувања, кои во подоцнежниот живот тешко можат да се надминат.

bik1На пример, сигурно многумина се уште веруваат дека глувците сакаат сирење и дека зајаците се хранат со моркови, но време е да се разбијат тие митови.

Глувците всушност воопшто не се љубители на сирењето. Малите глодари не го поднесуваат интензивниот мирис на поголемиот дел од млечните производи. Исто така, зајаците не би смееле да јадат многу моркови, затоа што тоа за нив е како чоколадни стапчиња за луѓето.

Биковите всушност не ја мразат црвената боја, туку матодорите ја одбрале таа боја за да ги сокријат трагите од крв после бодењето.

Уште еден популарен мит е дека кучешките години се како седум човечки, но тоа зависи од големината на кучето – што е помало кучето, тоа подолго живее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1