Откриена нова земја – планета на која е можен живот (Видео)


Меѓународен тим астролози открил планета надвор од сончевиот систем голема колку Земјата на која водата би можела да постои во течна состојба, што би значело дека е можен живот.

planeta-500Тоа откритие е потврда дека веројатно е откриена братска планета на Земјата. Тоа што го прави ова истражување посебно интересно е фактот дека планетата наречена Кеплер -186ф е во орбитата на една џуџеста ѕвезда многу помалку жешка од Сонцето во внатрешната зона каде водата може да биде во тежна состојба. Тоа подрачје се нарекува населиво затоа што животот како што нам ни е познат и кој зависи од постењето на вода таму има најмногу шанси за развој, откриваат научниците.

Од приближно 1.800 егзопланети откриени во последните 20 години, дваесетина се во орбити на нивните ѕвезди во населеива зона. Но тие планети се значително поголеми од Земјата па е тешко да се одреди дали се плиновити или карпести.

Кеплер-186Ф се наоѓа во ѕвездениот систем сместен 490 светлосни години од Сонцето и опфаќа пет планети со големина на Земјата, но само Кеплер-186Ф е во населива зона а останатите се преблиску до ѕвездата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1