Големо невреме ја очекува Македонија попладне


Сончеви периоди ќе има повеќе во претпладневните часови, а попладнето носи развој на облачност која ќе донесе и врнежи и грмежи.

dozd_1_7Нешто подоцна овие процеси ќе ги зафатат источните делови од Македонија. Локално, овие атмосферски процеси ќе донесат поинтензивен дожд и засилен ветер. Не се исклучува можноста за локална појава на врнежи од град.

Во секој случај не се очекуваат поголеми непогоди, односно истите ќе бидат во границите на нормалата за ова подрачје.

Според Метеопро дневниот максимум на температурата ќе биде сличен на претходниот ден. Максимална температура околу 21°С се очекува во поголем дел од земјата. Нешто потопло, до 24°С, ќе биде во гевгелискиот регион.

Во Скопје се очекува дестабилизација во попладневните часови која ќе донесе и врнежи од дожд, но и грмежи. Постои веројатност врнежи да има и во текот на вечерта. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 22°С

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1