Украинскиот авион кој се сруши по полетување од аеродромот во Техеран, се запалил непосредно пред падот, покажала прелиминарната истрага.
Извештајот го направила иранска организиација за циивилно воздухопловство, повикувајќи се на изјави од сведоци кои биле на аеродромот и во авионот појрај нивниот.
Иранските истражувачи рекле дека членови на екипажот не побарале помош и дека се обидувале да го вратат авионот назад на аеродромот.
Според наведеното авионот се запалил пред да падне, а самиот пад предизвикал голема експлозија кога авионот ја допрел земјата бидејќи бил полн со гориво.
Во извештајот исто така наведуваат дека се пронајдени и двете црни кутии, а некои делови се оштетени, дури некои делови од меморијата и целосно уништени.
Во падот на украинскиот авион загинале сите 176 патници и членови на екипажот.