Откриена тајната на Лепа Брена: Со Саша Поповиќ била во врска, а потоа Боба му ја „ќарил“ пред нос


Контроверзната српска фолкерка Весна Вукелиќ-Венди при влегувањето во едно реално шоу, проговорила за фолк-ѕвездата  Лепа Брена (55), нејзиниот сопруг Бобан Живоиновиќ (52) и  Саша Поповиќ (60), и открила дека тенисерот пред 20 години му ја „украл“ тогашната девојка на сопственикот на „Гранд“ продукција.lepa brena

Таа раскажала дека Лепа Брена и Поповиќ, седум години биле во врска, дека живееле заедно и дека можело и да дојде до брак помеѓу нив да не се замешал сегашниот сопруг на пејачката.

– Боба Живоиновиќ ја презеде Лепа Брена од Саша Поповиќ. Тие тогаш беа во врска 7 години, а на крај станаа најдобри пријатели, а подоцна стана и кумови – раскажала Венди.

Таа додала дека кога ја започнувала својата кариера гледала како Боба му прави кафе на Саша, и се било нормално како ништо да не се случило помеѓу нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1