Таткото на Ајлан Курди, момчето чија фотографијата на смртта на плажа го обиколи и шокираше светот, всушност управувал со чамецот кој го однел животот на неговиот син, тврди еден од патниците на тој чамец. Амир Хаидер, 22 – годишен Сириец, го повтори обвинувањето дека Абдулах Курди, кој во хаваријата ги загуби сопругата и двајцата синови, го контролирал чамецот во момент на неговото превртување и потопување.
Минатата недела една друга патничка, Заинаб Абас, кој исто така ги загубила синот и ќерката во инцидентот, прва кажала дека Курди е виновен за несреќата. Нејзините тврдења Курди остро ги отфрли.
Потсетуваме, 3 – годишниот Ајлан се удави заедно со неговиот 5 годишен брат Галип и мајка му, кога нивниот чамец се превртел на пат кон грчкото острово Кос.
Фотографијата на неговото безживотно тело кое морето го донело на плажа во турскиот Бодрум предизвика светско грозење околу целата криза на сириските бегалци. Бројни луѓе му изразуваа сочувство и жалење поради трагедијата која му се случила.
Но, само неколку дена по враќањето на Курди во Сирија, во родниот град Кобане каде го погребал семејството, неговите сопатници почнале да изнесуваат обвинувања против него.
Ахмед Хади Џавад и неговата сопруга Заинам Абас син(9) и ќерка (11) се удавиле, тврдат дека Курди паничел и забрзал кога бран удрил во чамецот.
-Приказната на Курди не е вистинита. Не знам што го натерало да лаже. Веројатно страв. Тој беше возачот од самиот почеток на пловидбата, раскажал Џавад.
Додава дека Курди допливал до неговото семејство и него преколнувајќи ги на никого да не му зборуваат каква била неговата улога во инцидентот.