Откриени детали на злочинот со пресврт на векот: Го убила газдата за 100.000 евра и злато


Милица Димитриевиќ (27) од Ниш се сомничи дека го убила сопственикот на вилата Днд Дејан Дејанчиќ поради 100.000 евра и злато.

Таа кај Дејан работела како хостеса, а убиството го извршила на 5. ноември.nis-osumljicena-milica-dimitrijevic-niska-banja-2712-20162-620x350-95742-640x361

Непосредно пред злочинот видена е со поранешното осудувано момче, од кого избегала кај Дејан.

Милица потсетуваме го убила газдата Дејан Дејанчиќ (51), а потоа тешко го ранила рецепционерот Дејан Јовановиќ (41). На слушувањето во полицијата сето ова го негирала.

Сомнежот го префрлила на рецепционерот за кој рекла дека пукал во газдата.

– Од првиот момент не верувавме дека рецепционерот пукал во газдата. Дејанчиќ го имаше практично извлечено од кал, од некое село, во кое Јовановиќ живееше запуштено. Не постојат шанси тој тоа да го направил, му беше најверен – кажал еден од поранешните работници во вилата.milica-dimitrijevic-ubistvo-hapsenje-niska-banja-dnk-analiza-istraga-dnd-1482792302

Дејанчиќ со години живеел во Шведска, каде живее неговата жена, три деца и четири внуци.

Извор навел дека Дејанчиќ неодамна добил повеќе од 100.000 евра и дека имал повеќе од 3 килограми злато, а за местото каде се наоѓале знаела Милица.

– Имаше интимни односи со Дејанчиќ. Во неговиот живот влезе во мај. Дејанчиќ ја сожали и застана во нејзина заштита од нејзиното поранешно момче. Знам дека во еден момент и рече да ги остави ковертите таму каде што стојат парите – вели изворот.

По злочинот, Милица наводно е видена како истрчува од вилата гола и боса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1