Откриени гробници на антички македонски кралеви близу Солун


Тим археолози предводени од Ангелики Котариди пронашле 20 нови гробници во близина на Солун, во кои е можно да биле погребани првите антички македонски кралеви.

Vampirski-grobovi-u-BugarskojКотариди изјави дека две од слабо зачуваните гробници би можеле да им припаѓаат на Александар Први и на неговиот син Пердика Втори.

Тие владееле во петтиот век пред нашата ера, еден век пред славниот Александар Велики.

Котариди наведе дека гробниците, кои се наоѓаат во Кутлеш, се ограбени и разуранти уште во античкото време, но дека археолозите сепак пронашле вази и еден меч.

Кутлеш стана светски познат кога во 1977 година грчкиот археолог Манолис Андроникос таму ја пронајде гробницата на Филип Втори Македонски, татко на Александар Велики.

Од 1996 година овој археолошки локалитет е вклучен на листата на УНЕСКО на места од Светската историја во Европа. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1