Расфрлани шприцеви, игли, пивски шишиња, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни… Оваа страшна слика се наоѓа во еден од подрумите во старите руски згради во скопската населба Аеродром. Жителите од овие станбени објекти, речиси и не знаат што се случува во текот на ноќта – кога сите спијат, јавува Тв Алфа

Инаку во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а според експертите, неофицијално тој број е до шест пати поголем.
Повеќе на – Алфа