Шефица на тајната служба МИ6 која е позната само по тајното име М. Меѓутоа, конечно е откриен тајниот идентитет на менторот на Џејмс Бонд.
Еден фан, успеал да замрзне еден, единствен кадар во последниот филм за тајниот агент 007, кој открива дека вистинското име на шефот на Бонд е Оливија Менсфилд.
Во текот на едната сцена од филмот „Skyfall“, Бонд добива кутија со булдог кој е покриен со знамето на Велика Британија која обично стои на масата на која седи М. Обожавателот, ја зумирал посветата на кутијата на која пишува:
– Од Оливија Менсфилд за Џејмс Бонд.
Од ова откритие на блогерот Фил Ноубл, интернет форумите се преполни со претпоставки за важноста на веќе споменатото име.
Директорот на архивата на продукциската куќа на Бонд, „Еон“, Мег Симонс, вели дека многу истражувале и дека ова е единствениот случај, некој да го открие вистинското име на шефот МИ6. Тоа име никогаш не е изговорено, но ако сте го гледале филмот на големото платно, тоа секако е видливо.
Се претпоставува дека М е во чест на првиот шеф на МИ6 – Mansfield Smith-Cumming, кој го усвоил “M” кодот во 1911. Односно почнл писмата да ги потпишува со една единствена буква – отогаш овој код го користеле речиси сите шефови на МИ6.