Откриено првото мешано дете од човек и неандрталец (Видео)


Во северна Италија, научниците открија остатоци од суштества кои живееле пред 30-40,000 години и тоа е производ на вкрстување меѓу луѓето и неандерталците.

neandrtalecАко ваквите наоди се претстават во списанието „PLoS ONE“, тоа ќе биде јасен доказ на претходно поставената теорија, според која нашите претци се вкрстувале со неандерталците. Ваквите претпоставки се темелат на анализите на ДНК на кој е јасно утврдено дека луѓето од европско и азиско потекло имаат помеѓу еден и четири проценти од гените на неандерталците.
Вилицата од детето е откриена во Рипароди Мезена, а произлегува од времето кога во Европа се населиле двата вида на нашите древни предци.
„Морфологијата на долната вилица од лицето на човекот „Mezene“ имал изглед меѓу класичен неандерталец, кој имал повлечена вилица (на животно), без брада, лик на современ човек кои има испакната вилица со добро развиена брада“, вели антропологот Силвана Кондеми, авторката на истражувањето.
Генетските анализи на митоходријалната ДНК покажа дека фосилите припаѓале на неандерталците. Бидејќи митохондријалната ДНК се пренесува од мајка на дете, научниците заклучиле дека детето е неандерталец и човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1