Откриено злато во Македонија – Кратово лежи на богатство


Направено е истражување на овој локалитет од страна на австралиската компанија „Џенезис рисорсис“, чии првични резултати покажуваат дека на еден тон руда има 50 грама злато, што е доволно за почеток на експлоатација. Во рудата покрај златото, има и процент од другите благородни метали.

zlatoСе претпоставува дека локалитетот Плавица „крие“ 57,9 тони злато и многу тони сребро и бакар.

Најдобрите резултати од програмата која започна во 2012 година откриваат дека на три метри длабочина има 26,45 грама на еден тон, на два метри 50,1 грама на еден тон и 75,5 грама на еден тон сребро.

Инаку, дупчењето на овој локалитет започна на 28-ми март, годинава. Според историските документи, интерес за откопување злато на овие простори покажале античките Македонци, а потоа Римјаните и турските освојувачи.

Покрај овој локалитет, Македонија според резултатите од десетгодишните истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар го има и најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Станува збор за локалитетот Иловица под планината Огражден.

Според податоците кои беа соопштени пред една година, рудникот кај Иловица се претпоставува дека има потенцијал за вадење на 789.250 тони бакар и неверојатни 130 тони злато што го прави најголем рудник за бакар и злато во ЈЕ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1