Уметноста на интерпретација на соништата не е егзактна, но психологот Јан Волад сепак има одговори на некои прашања.
Тој анализирал повеќе од 150 илјади сонови во период од 30 години работење и направил листа на девет сонови кои луѓето најчесто ги сонуваат, нивното значење и што би требало да научите од нив.
Пронаоѓање на непозната соба
Што значи: Соба во некоја куќа претставува различни аспекти на вашиот карактер. Кога ќе ја пронајдете собата која никој не ја користи значи го откривате талентот за кој претходно не сте биле свесни.
Што треба да правите: Поминувајте повеќе време истражувајќи ги своите таленти, како би ја отвориле вратата на непознатото и на јаве.
Возило без контрола
Што значи: Автомобилот ја претставува вашата способност да напредувате кон некоја цел. На јаве тоа значи дека чувствувате дека немате доволно контрола на патот кон успехот.
Што треба да правите: Наместо да се трудите да преземете контрола над ситуацијата, Волас смета дека треба да се опуштите и да ги пуштите основните инстикти да го преземат „воланот“.
Паѓање
Што значи: Ако чуствувате дека паѓате во сон, тоа значи дека премногу грчевито се држите за некоја ситуација на јаве. Со нешто едноставно треба да се помирите.
Што треба да направите: Наместо да се грижите поради губењето контрола, треба да имате поголема доверба во себе и другите и да верувате дека се ќе дојде на свое место.
Летање
Што значи: Ако сонувате дека летате, тоа значи дека сте се ослободиле од околностите кои ве попречувале.
Што треба да правите: Иако можеби ова чувство на слобода и го препишувате на моменталната среќа или случајноста, обично е последица на тоа што сте успеале да донесете тешка одлука и да се издигнете над ограничувањата кои наметнуваат поголема одговорност.
Неподготвени на испит
Што значи: Веројатно барем еднаш сте сонувале дека излегувате пред професор потполно неподготвени. Тоа значи дека премногу критички го набљудувате своето дејствување на јаве.
Што треба да правите: Наместо постојано да се преиспитувате, вистински тест на вашиот карактер е да го прифатите својот талент и да бидете горди на своето знаење и достигнувања.
Голи на јавно место
Што тоа значи: Секој човек одбира облека за да се претстави себеси на одреден начин пред луѓето со кои се сретнува. Тоа што сте се сонувале голи на јавно место сугерира дека постојат ситуации на јаве кои ве чинат ранливи.
Што треба да правите: Иако можеби сте срамежливи, некогаш треба да се опуштите и да се отворите кон другите, а да ве видат во полн сјај.
Без тоалет на видик
Што значи: Тоалетите во соништата ги претставуваат човечките основни потреби. Ако сонувате дека итно ви е потребен тоалет, а никаде нема, тоа значи дека не ги исполнувате јасно своите потреби на јаве.
Што треба да правите: Повеќе грижете се за вашите потреби, отколку за потребите на другите.
Заби кои паѓаат
Што значи: Забите ги симболизираат вашата самодоверба и моќ. Ако сонувате дека забите ви испаѓаат, веројатно сте во ситуација во која се урива вашата самопочит.
Што треба да правите: Наместо некои проблеми да ги гледате како губење на моќта, обидете се мирно да размислите за фактите и да ги прифатите предизвиците.
Некој ве брка
Што значи:
Кога сонувате дека некој ве брка, на јаве веројатно сакате да се соочите со некој проблем или личност, но не знаете како да го сторите тоа.
Што треба да правите: Тоа е одлична прилика да прифатите некоја лична амбиција. Иако делува застрашувачки, то може да ви биде од помош за подобро да ги прифатите своите таленти и да станете одлучни на патот кон успехот.