Јужноафриканецот Неил Нгема (42), на мошне бизарен начин дознал дека неговата сопруга Саша (34) не му е верна – пенисот на нејзиниот љубовник се заглавил во нејзината вагина.
Прељубниците пред неколку дена изнајмиле стан во Јоханесбург за да можат да се забавуваат додека сопругот бил на службен пат, но за нивна жал, набрзо почнале да врескаат, и тоа не поради возбуда, туку од болка.
Имено, на 22-годишниот Солу Кобози му се заглавил пенисот во вагината на Саша, па двојката очајнички почнала да вика за помош.
– Отпрво мислев дека врескаат од задоволство, меѓутоа кога затропав на вратата и влегов во сабата за да видам дали со нив се е во ред, го затекнав како лежи врз неа и плаче додека таа го преколнуваше да се ослободи – изјавила 34-годишната Присила Ндлова за локалните медиуми, која прва го видела парот во незгодната ситуација.
За жал на неверната госпоѓа и нејзиниот 12 години помлад љубовник, Ндлова не била единствениот сведок на случката, затоа што набрзо пред станот се собрале дури две илјади луѓе кои сакале да им ги видат лицата.
Згора на тоа, работата отишла толку далеку што полицијата морала да ја избрка насобраната толпа со помош на солзавец, а меѓу луѓето се појавиле гласини дека сведочат на магија.
Имено, во тој крај постои магија наречена мути, а која служи токму за тоа – сопругот да ги заштити интимните делови на својата сопруга ако некој конкурент се дрзне да ги стави своите делови таму.
Докторите, секако, на таквите тврдења само се насмеале и појасниле дека парот ја имал таа несреќа да доживее ретка медицинска состојба позната како „penis captivus“, до кое доаѓа кога ќе се стегнат мускулите на вагината.