Откритие кое ќе го потресе светот: Откриено најголемо гасно поле во светот – кои се губитници?


Во близина на египетскиот брег во Средоземното море, било откриено гасно поле кое со децении би можело да ги покрива потребите на некои држави.

Италијанскиот нафтен концерн “Eni” на 200 километри од брегот на Египет открил “огромно поле со гас, најголемо некогаш пронајдено во Средоземното море”. Според нивните проценки, на длабочина од 1,5 километри, се наоѓаат 850 милијарди кубни метри природен гас. Како што било соопштено, тоа е веројатно најголемото поле со природен гас на светот, кое со децении би ги покривало енергетските потреби на Египет.gas 4

Сето тоа значително би ѝ помогнало на оваа држава со сиромашен буџет, но и би ја зајакнало позицијата на актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Исто така, во голем дел ослабуваат соседите на Египет.

Веста за откривањето на гасот во Каиро била дочекана со воодушевување. Следбениците на Сиси на социјалните мрежи пишувале дека наоѓалиштето покажува дека “Бог му е наклонет на претседателот” и дека со негова помош земјата повторно ќе зајакне. Опозиционерите веста од Италија ја дочекале како пропаганден потег, кој треба да прикрие дека Сиси очигледно не успева да го контролира крвавиот бунт во земјата.

Меѓутоа, Израел не ја дочекал оваа вест со радост. Во оваа земја, по откривањето на големото гасно поле пред четири години, се надевале дека со извозот на гас ќе ги зацврстат мировните договори со Египет и Јемен. Анан веќе покажал интерес во наредните 15 години од Израел да купува гас во вредност од 15 милијарди американски долари. И Египет требало да купува израелски гас. Сега, не само што овие договори се во опасност, туку и израелските експерти стравуваат дека дури и развојот на полињата со гас за сопствени потреби е доведен во прашање.

netanjahudpagr

По вестите од Каиро, Бенџамин Нетанијаху е соочен со уште еден проблем: Развојот на откриените гасни полиња се одложува веќе со месеци, затоа што израелските политичари не можат да се договорат со инвеститорите за условите за испорака. Веќе склучениот договор пропаднал откако високи државници предупредиле од “создавање на опасни монополи”, поради кои потрошувачите ќе мора да плаќаат големи цени, малку луѓе ќе имаат премногу моќ, а нафтените магнати ќе плаќаат премали даноци.

Ова предизвикало јавни бунтови, поради кои до денес не е постигнат конечен договор. Министерот за енергија Јувал Штајниц предупредил дека Израел пропушта историска шанса да ги развива своите енергетски резерви. Цената на гасот ќе падне, оценува тој, а меѓународните компании ќе бараат нови извори во Египет поради ситуацијата во Ерусалим.

Веста од Египет, сепак, не мора да биде лоша за Ерусалим. Израелското државно радио, имено, објавило вест дека италијанскиот претседател Матео Ренци при неодамнешната посета на Израел, го известил Нетанјаху за гасното поле и изнел интересен предлог: Рим сака да помогне во воспоставување на соработка меѓу Кипар, Израел и Египет, за источното Средоземно море да стане нов, доверлив извор на енергија за Европа. Од тоа сите учесници би имале корист.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1