Откуп или закуп на државните станови за граѓаните вселени до 13 август 2009


Граѓаните кои се вселиле во државните станови до 13 август 2009 година имаат право на нивен откуп или закуп. Ова е решението откако Министерството за транспорт и врски ги разгледа барањата кои корисниците на државни станови ги испратија до крајот на март минатата година. Оние кои не го оствариле правото за откуп на станови бидејќи немале документ со кој ќе потврдат дека се вселени до 16 мај 1998, сега добиваат нова шанса.zgrada novo lisice

– Граѓаните кои по првото барање се одбиени од Министерството за транспорт и врски имаат рок од 30 дена по добивање на решението, да поднесат ново барање, за откуп преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор или за закуп до Министертсвото за транспорт и врски. Основен услов што треба да го исполнуваат е да прикажат документ, решение, договор дека се вселени во станот до 13 август 2009, изјави денеска Александар Маџиров, раководител на АД за стопанисување со станбен и деловен простор – Струмица.

Апликантите кои ќе сакаат станот да го земат под закуп, ќе бидат поделени во четири категории, лица со социјален ризик, лица со ниски, со просечни и лица со високи примања, врз основа на што, Министерството за транспорт и врски ќе ја определи месечната кирија.

– Оние лица што ќе аплицаираат за откуп преку Акционерското друштво ќе бидат поделени во 3 категории, зошто лицата од социјален ризик го немаат тоа право. Врз основа на оваа категоризација, нашите стручни тимови ќе ја определат цената, а со тоа и учеството во откупот. Лицата со ниски примања ќе треба да платат 5 проценти од вредноста на станот, лицата со просечни ќе платат 20 проценти учество, а оние со високи примања 30 проценти учество. Остатокот од вредноста на станот ќе се подели на 30 години со 4 проценти каматна стапка, појасни Маџаров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1