Отпечатоци од 10 прсти за престој во ЕУ подолго од 90 дена


Од  25 септември, сите граѓани на Македонија кои ќе бараат престој во некоја од земјите од Шенген зоната подолг од 90 дена ќе им биде земен отпечаток на прстите од двете раце и дигитална фотографија во амбасадата каде што ќе аплицираат за дозволата за престој т.е. виза.

otpecatok prstМакедонија, заедно со други пет држави од Западниот Балкан, плус Турција, се дел од новиот круг земји каде се воведува собирање на биометриски податоци за баратели на виза, во случајот на Македонија за долгорочен престој во земјите од Шенген зоната. Виза информативниот систем кој стартуваше со инсталирање во 2011 година во земјите од Африка, Блискиот Исток, ќе биде финиширан во 2015 година со воведување на овој систем за граѓаните од земјите-членки на Унијата, а кои не се дел од Шенген.

Инаку една од целите на овој систем освен поголема безбедност на надворешните граници на Унијата, е и спречување на злоупотребата на издадената виза преку верификација на личноста која ја поседува. Исто така размената на овие податоци меѓу земјите од шенгенот, е и спречување на веќе одбиени баратели за подолг престој во една земја-членка на Унијата да аплицираат повторно во амбасада на друга земја. Со овој систем полесно ќе се утврдува и кој држава од Унијата е задолжена за разгледување на барањето за азил од лице кое во зоната влегло со виза.

Дигиталните податоците на барателите за долгорочен престој во Унијата ќе се обновува на секои пет години. Обврската за давање биометриски податоци нема да важи за деца под 12 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1