Отпис на долгови – еве како да аплицирате


Се повикуваат граѓаните на Република Македонија, почнувајќи од 18 август да поднесат барање за отпишување на долговите настанати до 31.12.2013 година, за:

smetka radiodifuzija– кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците;

– електрична енергија кон ЕВН;

– топлинска енергија кон Топлификација;

– радиодифузна такса кон МРТВ.

Долговите кои се отпишуваат треба да бидат неплатени подолго од 12 месеци и да е започната постапка за наплата.

Отпишување на долговите можете да побарате ако сте:

– корисник на социјална парична помош
– корисник на постојана парична помош или
– невработен подолго од 12 месеци, а доколку сте во брак и Вашиот брачен другар да е невработен, и притоа:
– сте пријавени во Агенција за вработување на РМ и активно барате работа,
– заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и
– не поседувате друг имот освен оној во кој живеете, или
– лице кое западнало во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест, или поради инвалидитет или болест на брачниот другар или смрт на брачниот другар и не сте можеле да ги плаќате долговите. Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни и церебрално васкуларни заболувања. Услов е:
– инвалидитетот, болеста или смртта да настанала во периодот од 1 јануари 2009 година до 31 декември 2013 година,
– во 2013 година заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари и
– заедно со брачниот другар не поседувате друг имот освен оној во кој живеете.

Ако сте лице од некоја од наведените категории, почнувајќи од 18-ти август одете во Центарот за социјална работа во местото кадешто живеете и поднесете барање за отпис на долговите.

Со Вас задолжително треба да ги имате следните документи:

· копија од Вашата лична карта, а ако сте во брак и од личната карта на брачниот другар;
· извод од матична книга на венчани и
· писмена согласност од Вас и од Вашиот брачен другар (доколку сте во брак) за обезбедување податоци за вашиот статус и долг од надлежните институции и доверителите. Образецот за писмената согласност ќе ви биде даден во Центарот за социјална работа.

Исто така, зависно од причината поради која барате отпис на долговите, треба да ги имате и овие документи:

– ако сте лице кое поради смрт на брачниот другар не може да ги плаќа долговите, задолжително доставете извод од матична книга на умрени за брачниот другар

– ако сте лице со потешко заболување или потешка болест на брачниот другар, задолжително доставете медицинска документација од која може да се утврди дијагнозата и датумот кога е дијагностицирана болеста;

– ако Вашиот долг е за искористена електрична или топлинска енергија, задолжително доставете копија од последната фактура/сметка за електрична или топлинска енергија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1