Родителите бараат: „Законот на Тијана“ за исчезнатите деца


Покрената е иницијативата за измена на постоечкиот со „Законот на Тијана“ со кој би се овозможило полицијата веднаш да започне со потрага по исчезнатите деца.

Оваа измена на законот би влегла во процедура доколку 30.000 граѓани ја поддржат иницијативата со својот потпис.

Родителите на убената Тијана Јуриќ се вклучиле во иницијативата.

bajmok-tijana500

Законот каков што е сега пропишува рок од 48 часа, а по истекот на тој рок полицијата започнува истрага по исчезнатите лица. Со иницијативата се бара законот да биде заменет со „Законот на Тијана“ според кој полицијата би ја започнала потрагата веднаш штом лицето ќе биде пријавенво како исчезнато.

tijana1111-403x630

Од Министерството за правда тврдат дека штом ќе се соберат потписите и ќе биде приложен законот, тие ќе го разгледаат и за него ќе објават правно мислење а Владата ќе завземе став врз основа на тоа.

Мислење за Законот треба да даде и Министерството за внатрешни работи. Право да предложи закон има секој пратеник, Владата, општините, автономните покраини или најмалку 30.000 гласачи.

Иницијатива за „Законот на Тијана“ е покренат на социјалните мрежи каде веќе се собираат потписи.

-Важно е ваквата измена да не биде само на лист хартија. Туку ако со Законот биде пропишано веднаш да се тргне во потрага по исчезната личност, тоа така и да биде. За тоа треба да бидат обезбедени средства за посебна полициска единица која би ги барала исчезнатите деца, изјавил за Блис.рц. професорот Горан Илиќ од катердрата за Кривично право на Правниот факултет во Белград.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1