Утре во 11 часот на протест пред зградата на општина Кичево ќе излезат на протест луѓето кои минатата недела беа отпуштени од страна на новите градски власти на чело со градоначалникот Фатмир Дехари. На протестот ќе биде изразено незадоволството од последните отпуштања по етничка линија, јавува Кичево.мк.
Минатата недела беа отпуштени работници вработени со договор на дело со образложение за превработеност иако во пожарната има потреба од пожарникари. Беа отпуштени исклучиво Македонци иако со договор има и Албанци.