Пет ловечки кучиња, еден орел кој е загрозен и европски редок вид, како и пердуви од црни гаврани и од јастреби беа пронајдени од увидните екипи во местото „Трибор“ на планината Кожуф, каде беше пријавено труење на животни.

Претседателот на Здружението за заштита на природата „Аквила“ од Кавадарци, Томе Лисичанец денеска изјави дека отровот е поставен на парчиња месо од свиња од кои се затруле животните и птиците.
– Но бројот на затруените видови на животни и птици е сигурно многу поголем затоа што во синџирот на исхраната труењето се пренесува од еден на друг. Ова според првичните сознанија е отров кој продира на нервниот систем, а може да продре и преку кожата така што е многу опасно како и за тие што го фрлиле отровот, така и за сите кои подоцна ќе дојдат во контакт со него, нагласи Лисичанец.
Алфа