Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање


Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1