Отворен првиот групен дом во Влае, затворен домот 25-ти Мај


Во населбата Влае во куќа на два ката, се вдомени 5 деца на возраст од 11 до 17 години. Тие ќе живеат заедно со стручни лица, ќе учат во некое од локалните основни и средни училишта и на овој начин ќе се ресоцијализираат. Подготвени се три вакви објекти во Скопје. Откако дел од децата ќе се вратат од годишен одмор кај своите родители ќе бидат сместени во овие домови. Со затворањето на 25 мај, почна процесот на трансформацијата на овој вид установи во државата.

За поголема посветеност во процесот вработени се 18 нови лица.

ПРетставникот на УНИЦЕФ порача секое дете но и возрасен кој живее под грижа на државата да биде третиран со дигнитет.

Овие куќи биле избрани преку Агенција за недвижности и комисија од министерството. За време на посетата, дел од соседите реагираа на отворањето на малиот групен дом бидејќи не биле однапред известени и запознаени со овој процес.

Царовска вели без реакција би било чудно, бидејќи е нешто ново што ни се случува во државата. Министерката потенцира дека ништо опасно нема да се случи .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1