Археолозите, коишто ги проучуваат светиите во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим, откако неодамна првпат по 450 години беше симната мермерната плоча која го прекриваше, утврдиле дека погребната Ложа на Христа е сочувана недопрена, пишува во понеделникот списанието National Geographic.
Археолозите на 26-ти октомври ја отстранија мермерната плоча од погребната Ложа на Христа во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб во ерусалимскиот храм Воскресение Христово (познат и како Храмот на Светиот гроб), којашто била подигната во XVI век и досега не била подигната. Според преданијата, мермерната плоча била поставена во 1555 година и досега не била поместувана. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата.
Отстранувајќи ја плочата, научниците под неа пронашле многу камени остатоци. Растргнувајќи ги камењата, археолозите откриле над нив уште една плоча со вдлабен на неа крст, којашто, како што претпоставуваат научниците, била поставена во времето на Крстоносните војни. Во завршната фаза од работите, истражувачите пронашле издлабена во варовник погребна Ложа. Се покажало дека таа била зачувана во целост, и покрај тоа што ѕидовите од пештерата, во којашто се наоѓала, биле уништени заедно со оригиналната градба на Храмот на Светиот гроб на почетокот од XI век по указот на калифот Хаким, под чијашто власт тогаш бил Ерусалим.
Научниците го проучувале древниот споменик континуирано без престан во текот на 60 часови сé додека вечерта на 28-ми октомври покривната плоча на светијата не била вратена на своето место. За тоа време научниците спровеле темелни испитувања и снимки на оваа реликвија, а исто така, ги документирале своите наоди за натамошни истражувања. Според руските медиуми, реставрацијата на Кувуклијата ја спроведувале експерти од Атинскиот државен технички универзитет во координација со соработници од Универзитетот во Фиренца и специјалисти од Ерменија.
Местото на погребението на Исус Христос било откриено три века по Распетието од посланиците на римскиот император Константин, кој го прогласил христијанството за државна религија. Пештерата, во којашто се наоѓа Светиот гроб, била осветена под основата на пагански храм, изграден по указот на императорот Адрија, кој заповедал да се создаде нова колонија на местото од Ерусалим, разурнат од римјаните во 70 година пред Христа.
„Не можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека местото на коешто е подигнат Храмот на Светиот гроб е местото на коешто е погребан Исус, но според нас, сигурно, не постои друго место коешто толку би му одговарало, и не постојат причини да ја негираме автентичноста на ова место“, вели за National Geographic израелскиот стручњак за археологијата на Ерусалим, Дан Бахат.