Отворен телефон за пријавување повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, којашто ќе функционира од 8 до 16 часот.

Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.pravobranitel

– По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1