Отворила Твитер профил и дознала дека ќерката таму е порно ѕвезда


Мајка од САД непријатно се изненадила кога открила дека нејзината 19-годишна ќерка е порно sвезда на Твитер.

„Мислев дека Твитер е местото каде Доналд Трамп става свои пораки, а не нешто што има темна позадина“, раскажува мајката на страницата MamaMia, каде не е објавено нејзиното име .

Експлицитната содржина не било нешто што мислела дека ќе го види на Твитер, особено не за сопствената ќерка.

“Така, еден ден отворив профил за да видам што ми недостасува. Наместо зборовите на Трамп, најдов нешто што мене лично ме погоди – ќерка ми која објавува порно содржина. Бев целосно шокирана од тоа што го видов.“.

Со тоа што го видела , мајката ги избришала сеќавањата за ќерка си како невино и добро дете.Со денови се измачувала како да и каже на нејзината ќерка, за на крајот да се соочи со неа.

Ќерката ја претставила својата страна на приказната, објаснувајќи дека сега таа е „возрасна жена“ која може да носи свои одлуки.

„Ми рече дека тоа е нејзин начин на изразување и дека така се ослободува од стресот “, раскажува мајката за американските медиуми.

„Морав да ја поддржам нејзината одлука и да не го осудувам нејзиниот избор, затоа што како родител, ова е едноставно она што понекогаш треба да го направите“, заклучи жената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1