Младата Британка, 23- годишната Зои Волмер загина кога со група туристи била во Кингс Кањон во Австралија. Инцидентот се случил во јуни, а истрагата е завршена вчера.
Заклучокот е дека девојката настрадала откако се обидела да направи што поатрактивна фотографија до работ на кањонот. Попрецизно, се обидела да зазема поза како да паѓа во амбис, но се лизнала и навистина паднала.
Девојката од Хертфоршир имала работна виза за Австралија од 12 месеци, но нејзината авантура, која била планирана како пријатен тридневен излез и посета на националните паркови, завршила со несреќа на северните територии на оваа држава.
Зои паднала од висина од 15 метри и добила тешки повреди. Починала по помалку од еден час. Утврдено е дека имала фрактура на черепот и крвавење во мозокот.
Уште еден британски турист во 1996 година загинал на истото место во речиси сличен обид како несреќната девојка.