Ова е 23 годишната девојка која почина откако падна од карпа правејќи фотографија


Младата Британка, 23- годишната Зои Волмер загина кога со група туристи била во Кингс Кањон во Австралија. Инцидентот се случил во јуни, а истрагата е завршена вчера.Zoe_Walmer-1-520x455

Заклучокот е дека девојката настрадала откако се обидела да направи што поатрактивна фотографија до работ на кањонот. Попрецизно, се обидела да зазема поза како да паѓа во амбис, но се лизнала и навистина паднала.

Девојката од Хертфоршир имала работна виза за Австралија од 12 месеци, но нејзината авантура, која била планирана како пријатен тридневен излез и посета на националните паркови, завршила со несреќа на северните територии на оваа држава.500Zoe_Walmer-2-520x347

Зои паднала од висина од 15 метри и добила тешки повреди. Починала по помалку од еден час. Утврдено е дека имала фрактура на черепот и крвавење во мозокот.

Уште еден британски турист во 1996 година загинал на истото место во речиси сличен обид како несреќната девојка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1