Драгослав Космајац (61) од Белград. Тој е една од трите централни личност на балканската трговија со дрога (Шариќ – Кељменди – Космајац) која оди од Турција, Косово и Албанија, преку Белград и Загреб – а завршува на пазарите низ западна Европа. Иако се имале податоци за него, петнаесет години тој не е гонет од полицијата.
Во младоста бил соработник на терористот и наркодилер Пабло Ескобар. Во 2001 година прв пат полицијата се заинтересирала за него, како човек кој соработува со белградскиот Земунски клан кој стои зад убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, а во 2003 кога е извршен атентатот бил на списокот за апсење но избегал, а потоа се вратил во Белград. Соработувал и со Дарко Шариќ, лидер на балканскиот нарко клан, кој пред некопку месеци е упасен и се наоѓа во белградскиот судски затвор.
Космајац живеел исклучително повлечено, и денес ниту еден медиум нема негова фотографија.
Паралелно со постојниот бизнис, имал и фирми за градежништво, па дури и детски градинки. Има и словачки пасош, со кој избегал од Србија, а по се изгледа и викендов од Црна гора.
Симптоматично е што и нарко босот Дарко Шариќ исто така има словачки пасош, а и косовскиот Насер Кељменди, и Зоран Костиќ – еден од лидерите на ограбувачката екипа Пинк пантер кој неодмана, исто така, е упасен во Париз.
Имотот на Драгослав Космајац се наоѓа на највисоката точка во Белград, е проценето на вредност од околу 5 милиони вера.
На површина од 6000 метри квадратни, се наоѓаат неколку објекти, меѓу кои доминира дворец од 2.500 метри квадрати. Внатрешноста е скриена од очите на јавноста со бетонски ѕид со висина од над 3 метри, кој се протега по целата должина на неговиот имот.
На секој агол поставени се безбедносни камери за видео надзор кој го покрива секој метар од улицата.
-Сите го знаеме, но не лично, сепак некои од соседите биле во неговата куќа. Никогаш не се експонирал премногу, па не знаевме точно што работи, иако се зборуваше дека ни тој а ни жена му немале ниту еден ден работен стаж. Од соседите кои имаат влезено во неговиот дом, имам дознаено дека тоа што го виделе кај него дома, го немале видено ниту на филм. Од егзотични билки во неговиот двор, базени, спртски хали, засебни куќи од 150 квадрати за оние кои ги извршувале домашните работи, објаснил неговиот сосед.
За да се дојде до замокот, прво се поминувина низ градина од англиски стил, фонтани и огромен базен. Целиот амбиент не е споредлив ниту со куќите на Беберли Хилс.
-Космајац е поизвод на оваа држава. Очигледно е дека работл за власта, им ги полнел џебовите. Ова богатство кое може да се види не е ни дел од она што го поседува низ цела Ѕвездара. Станува збор за десетици илјади квадрати недвижен имот, додал неговиот сосед.
Лазар Космајац, син на Драгослав Космајац, е уапсен денеска во Херцег Нови заради возење со неприлагодена бризна и по итна постапка префрлен во затворот во Спуж, објави белградски Блиц.
Лазар Космајац (24) возел со неприлагодена брзина и не запрел на предупредување од полицијата. Во автомобилот бил заедно со својот татко Драгослав, кого премиерот на Србија Александар Вучиќ го именува како најголем нарко бос во Србија.
Лазар Космајац и побегнал на патролата, но еден час подоцна се вратил и се пријавил во полиција по што платил казна за пречекорување брзина. Од Драгослав Космајац, по неговото враќање немало ни трага, наведува Блиц. Неговиот син е осуден на 10 дена затвор.