Џон Робинсон и неговата сопруга Лиса синоќа објавија дека се добитници на 528,8 милиони долари на американската лотарија. Брачната двојка од Тенеси во градот Манфорд го купиле ливчето, ќе може да избираат дали ќе го добијат износот од 500 милиони долари на 30 рати или веднаш да им се уплатат 337 милиони долари.
Според правилата на Лотаријата на Америка мора да се потврди добивката, а Џон мора лично да се појави со добитното ливче. За појавувањето на телевизија се одлучиле по советот на адвокатот, кој во меѓувреме го изнајмиле, а наскоро планираат да изнајмат и финансиски советник.
Иако добиле сума на пари која никогаш нема да можат да ја заработат, двајцата тврдат дека уште некое време ќе ги задржат своите актуелни работни места. Џон работи во склад, а неговата сопруга е вработена како дерматолог.
Преостанатите двајца добитници се уште не се јавиле, но познато е дека среќките биле купени на Флорида и во Калифорнија. Добитниците имале рок шест месеци да се јават.