По три дена откако е откриена првата пакет – бомба испратена на истакнати припадници на Демократската партија во САД, полицијата го уапси виновникот.
Мажот за кој се сомнева дека пратил најмалку 12 пакети со експлозивни направи е 56 годишниот Цезар Сајок , жител на местото Авентур на Флорода. Претходно живеел во Њу Јорк .
До апсењето дошло кога полицијата се посомневала дека барем дел од пакетите пристигнале на различни адреси на видни Демократи од подрачјето на јужна Флорида.
ФБИ и Министерството за правосудство одржаа заедничка прес конференција , на која соопштија дека мажот е уапсен ан подрачјето на Мајами .
Неговото бело комбе е облепено со постери на Трамп. На него имало постери и од Барак Обама и од Хилари Клинтон , но со нацртана цел за стрелање. И Обама и Клинтон беа межу првите кои ги добија пакетите од Сајок.
За сега не епознато дали тој делувал сам или имал помош.