Премиерката на Србија осум години е во врска со докторка, постојано вработена во Клиничкиот центар на Србија, дознава српски Курир.
Весникот донесува детали за тоа која е Милица Ѓурѓиќ, докторка која веќе осум години е во стабилна врска со српската премиерка Ана Брнабиќ, како тие се запознале но и што се променило во нивната врска откако Ана е на чело на српската влада и како ќе изгледа нивниот живот по преселувањето во луксузната вила на Дедиње.