Ова е девојката поради која монструмот убил 13 луѓе во Србија (Фото)


Дваесет и едногодишната Кристина Димитриевиќ е девојката поради која Љубиша Богдановиќ во вторникот наутро го изврши смртоносниот поход во селото Велика Иванча каде уби 13 луѓе, објави српскиот портал „Телеграф“.

IIPA1261-1a

Како што ексклузивно објави Telegraf , девојката живее во соседното село Влашко Поле.

Тврди дека синот на убиецот го запознала пред 2 години кога се родил малиот Давид, кој е една од жртвите во масакарот. Биле на прослава во семејството со кое девојката е во роднинска врска – а таму бил и Бранко.

Според кажувањата на семејството на убиецот, таткото се соменвал дека неговиот син е во љубовна врска со девојката од другото село зашто „не ја биело добар глас и често менувала партнери“. Често и низ селото зборувал дека синот поради нејзе троши многу пари.

srbijamasakr

Кобното утро Богдановиќ прво го застрелал својот син, а потоа се упатил и во куќата на фамилијата Деспотовиќ каде има и најмногу убиени, меѓу кои е и малиот Давид.

Сепак, Кристина пред репортерите од „Телеграф“ негира дека била во врска со веќе покојниот Бранко, како и дека не се точни гласините дека е проститутка, вели има долга врска, момче во кое е вљубена, а за гласините вели дека се плод на злобните луѓе

IIPA1257-1

– Тврдам дека не сме биле во никаква врска со синот на убиецот и целата таа приказна е измислена. Сите зборуваат дека сум проститутка, а тоа не е вистина. Имам долга врска и го сакам своето момче – рекла Кристина додавајќи дека никогаш не била во домот на убиецот, како и дека со неговиот син се сретнувале само случајно во селото или ако се начекале на некоја прослава кај роднините.

Кристина е загрижена и како нејзиното момче ќе ги поднесе овие гласини и се што се случи.

На прашање од „Телеграф“ за настанот во кој се убиени нејзини роднини , таа рекла:

– Требало да си го убие само синот, а не и бебето и моите роднини.

IIPA1253

Кристина ги замолила новинарите повеќе да не ја вознемируваат бидејќи не сакала да има проблеми со момчето, кое напоменала, дека многу го сака.

-Би сакала сите да ме остават на мира, овие приказни не ми се потребни. Не сум проститутка, туку нормална девојка, школувана и морална. Повторувам дека имам момче кое го сакам и страв ми е како тој сето ова ќе го поднесе, цели Кристина.

Нејзината мајка за Телеграф изјавила дека ги знае приказните кои кружат за нејзината ќерка и дека сето тоа е многу грдо.

Во Велика Иванча денеска се одвива погребот на 13. жртви. Во селото се собрани повеќе роднини и пријатели на убиените. Има и зголемено полициско присуство, за да се спречат евентуални освети кот поблиските роднини на убиецот.

НАПОМЕНА: Текстот и фотографиите се преземени со дозвола од порталот telegraf.rs . Ниту еден негов дел не смее да биде преземен и објавен без дозвола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1