Миодраг Станковиќ, сопственик на продавницата „Шиља“ во Кучево, продавал леб за 200 динари, а вода за 180. Поради тоа доби прекршочна казна.
Тој не е единствен. Пазарната инспекција ја затвори и продавницата „Сафет“ во Смедеревска Паланка и на сопственикот му ја зема целата роба.
Од министерството за трговија, за српски „Блиц“ велат дека лебот во оваа продавница се продавам за 110 динари, а сопственикот немал дозвола за работа.
Инспекторите напишаа прекршочна пријава за Драган Омеровиќ, кој продавал гумени чизми по огромни цени.
На овие луѓе им се закануваат и парични казни и казна затвор.