Ова е Ели Чен – девојката која успеа да му избега на џихадистот кој држи 30 заложници во кафуле


Седум часа откако нејзиниот преплашен и болен израз на лицето го обиколил целиот свет, Ели Чен се нашла на слобода, трчајќи низ улиците на Сиднеј во борба за својот живот.
Untitled-12-650x325

Келнерката во “Lindt Cafe” се нашла во рацете на лудиот киднапер, осомничен за тероризам, кој ја принудил на излогот од кафулето да држи исламски знак, за сите надвор да можат да го видат. Тоа воедно било и потврда дека тероризмот “слетал” во Сиднеј. нејзиното лице утрово се појавило во сите медиуми, откако била снимена како на излогот од кафулето го држи натписот “Не постои друг бог освен Алах. А Мухамед е негов гласник”.

sidnej-kafule-begstvo-teroristi-01

Ели била една од петте среќници кои успеале да побегнат од кафулето кое за момент се претворило од посакувана елитна дестинација за банкари и адвокати, во центар на стравот од кој сите сакаат да побегнат.

Облечена во кафена униформа од кафулето, Чен успеала да побегне низ предната врата на кафулето. Во тој стресен момент мавтала со рацете, а лицето ѝ било преплавено со емоции. Токму таа нејзина состојба бил доволен знак за полицајците да сфатат дека станува збор за побегнат заложник.

sidnej-kafule-begstvo-teroristi-04sidnej-kafule-begstvo-teroristi-05

 

Нејзиното ослободување било проследено со големо олеснување од страна на семејството и пријателите кои во живо имале шанса да го гледаат нејзиното бегство од кафулето.

Ели е студентка на австралискиот “NSW” универзитет

Нејзините очи биле затворени. Нејзината насмевка била заменета со израз на страв. Нејзината судбина била во рацете на терорист.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1