Ова е фаталната жена поради која се распадна „земунскиот клан“!


ana-simic

Ана Симиќ, вдовицата на Цветко Симиќ чие тело е пронајдено во езеро во Загреб, оваа недела на суд во Белград за убиството на својот сопруг го обвинила Сретко Калиниќ. Исто така, рекла дека таткото на Калиниќ упатувал закани кон неа.

– Ана Симиќ не пријавила дека некој и’ се заканувал, рекле за Блиц од српското МВР. Калиниќ тврди дека не и’ се заканувал на Ана Симиќ, туку дека го испратил таткото кај неа како би сознал дали и’ се закануваат пријателите на Лука Бојовиќ.

Ана Симиќ, имено, додека била во брак со убиениот сопруг имала врска со „земунецот“ Калиниќ. Поради тоа се смета дека токму Калиниќ го убил нејзиниот сопруг. Калиниќ тоа го демантирал на суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1