Сите тројца се сосема исти, раскажува Аксел Мајан, поранешниот сопгур на Кристел Еје, киднаперката на Малата Маша П.
– Уште од раѓањето на мојата ќерка, еве веќе две години се обидувам да се изборам со правото барем да ја видам, а сега се надевам дека и конечно ќе ја прегрнам и таа ќе остане со мене. За мене не постои поголема желба од таа, вели на почетокот на својата потресна исповед Аксел Мајан, поранешниот сопруг на Емелин Кристел Еје (26), киднаперката на малата Белграѓанка, Маша Пренковиќ.
Семејството Бранши не го бие добар глас таму каде што тие живееја. Лошото мислење за оваа фамилија ја потврдува и несудениот зет Аксел кој на своја кожа ја почувствувал нивната надменост. Тие му забранувале да си го види сопственото дете, спротивставувајќи му се дури и на судот.
– Тоа е семејство кое е буквално подготвено на сè. Немаат страв од ништо. Ниту од законот, ниту од последиците од своите постапки. Тоа се луѓе кои кога нешто ќе си зацртаат, повеќе никој не може да ги спречи. Сите тројца се сосема исти, зборува огорчено Аксел за српски Телеграф.
Аксел Мајан вели дека со својата поранешна сопруга се разделил сосема неочекувано, уште додека таа била во осмиот месец од бременоста.
– Таа исчезна без било какви вести. Не ми кажа ниту ‘довидување’. Замина да се породи сама, оставајќи ме потполно отфрлен, потенцира Мајан кој вели дека сето тоа многу го повредило.
– Еве веќе две години се влечкаме по судови. Одиме од процес до процес, од тужба до тужба. Сè што гледам е огорчена борба, но кога само би можел да ја видам својата ќерка, вели Мајан кој сега живее во местото Ремулен.
Аксел Мајан потенцира дека своето дете го видел на само неколку минути.
– Не сакав да испадне дека правам нешто скришно и противзаконско, после што би можеле да се сврат против мене имајќи предвид со какво семејство си имав работа, наведува поранешниот сопруг на Кристел Еје.
Аксел воопшто не е изненаден со она што го направила неговата поранешна сопруга и нејзиното семејство, бидејќи како што вели тој, одлично ги познава. Истовремено потенцира дека е уверен дека сакале да му напакостат со лажен ДНК тест.
После сето ова, тој очекува да го добие старателството над својата ќерка. Аферата која се случи буквално среде Белград, токму нему би можела да му реши огромен животен проблем.