Двајца службеници на српската амбасада во Либија, шефицата за комуникации Слаѓана Станковиќ и нејзиниот возач Јовица Степиќ, загинале во американскиот напад врз упориштето на Исламска држава во градот Сабрата во Либија, изјави денеска првиот потпретседател на српската влада Ивица Дачиќ.

Дачиќ на прес-конференција во српската влада изјави дека информацијата за смртта на двајцата службеници не може да биде официјално потврдена, но дека тие добиле фотографии што јасно укажуваат дека најверојатно е точна.
„Вчера попладне добивме информации од повеќе извори дека во тој напад загинале неколку странски државјани, меѓу кои и двајца службеници на Амбасадата на Србија, кои беа киднапирани на 28 ноември 2015 година“, рече Дачиќ.
Обајцата биле киднапирани од конвојот возила во кој бил амбасадорот на Србија, Оливер Потежица.
По киднапирањето на српските државјани, владините претставници и претставниците на српските безбедносни служби воделе преговори со либиските власти за ослободување на Станковиќ и Степиќ.
Дачиќ, кој е и министер за надворешни работи, на 1 февруари изјави дека либиските служби ја известиле Србија дека нејзините киднапирани државјани се добро.
Сега се смета дека обајцата се убиени од американските авиони, кои во петокот бомбардираа камп на ИСИС во западна Либија. Во нападот беа убиени над 40 луѓе.
Според Пентагон, цел во нападот бил Нуредин Шушан, Тунижанец осомничен дека го извел нападот во музејот Бардо во Тунис во март.