Утрово за време на настанот „Појадок на мост“ кој го организираше Градот Скопје, жена падна во водите на Вардар.Од СВР Скопје информираа дека 47-годишната жена со иницијали В. Т. Влегла во Вардар под мостот, така да не скокнала од мостот, но уште не се знае дали е обид за самоубиство. Како и да е, таа е пренесена во Ургентниот центар, а СВР не го соопшти името на спасувачот.
Несреќата се случила токму во моментот кога градоначалникот Коце Трајановски даваше изјава за медиумите, околу 10 часот. А жената ја спасило момчето од фотографијата.
Фото: република.мк