Пратеникот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва е повреден кога поголема група демонстранти влегоа во Собранието.
Пратениците на СДСМ беа нападнати од демонстрантите, а при тоа со повреди се здобиле Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Хари Локвенец и Максим Димитриевски како и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, јавија дел од медиумите.