Ова е монструмот од Италија – заразил над 30 жени со СИДА а меѓу заразените и бебенце (Видео)


Италијанецот заразен со ХИВ вирус, Валентино Талуто, осуден е на 24 години затворска казна поради тоа што за помалку од десет години намерно заразил триесетина жени со вирусот.

Од обвинението за „ширење на епидемија“ – прво во Италија за која што обвинителството бараше доживотна затворска казна, 33-годишниот Талуто сепак успеа „да се спаси“, па беше прогласен за виновен за нанесување на тешки повреди на повеќе жртви.

Талуто своите жртви ги наоѓал на социјалните мрежи и на интернет страниците за запознавање. Многу меѓу нив биле студентки, а некои и биле омажени. Најмладата жртва имала само 14 години кога започнала нивната врска, а најстарата имала 40 години.

За време на судењето, монструмот од Италија не изразил никакво жалење за тоа што го сторил.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1