На видео снимката се гледа осомничениот бомбаш од лондонското метро како ја напушта куќата наосејќи ја бомбата во кеса од еден супермаркет.
Снимката добиена од ИТВ покажаува дека човекот ја напуштил куќата околу саат време пред нападот во петокот наутро.
Снимките од камерите покажуваат човек во шешир и сива облека кој носи кеса додека ја напушта куќата во 6.50 часот.
Во 8.20 утрото бомбата е активирана, но не успеа правилнод а се детонира, па само повреди 30 луѓе без да предизвика масакр.
Полицијата верува дека го идентификувала главниот осомничен, 18-годишник кој е уапсен во пристаништето Довер. Во притвор е заедно со 21-годишник кој е уапсен во саботата.
Министерот за внатрешни работи Амбер Рад рече дека полицијата направила „добар напредок“ во истрагата.