Ова е најмладата милијардерка на светот – го напуштила факултетот и сама ги заработила


Елизабет Холмс основала фирма за брзи тестови на крв во 2003 година, кога имала само 19 години.

Нејзината фирма денеска вреди повеќе од девет милијарди долари и има 500 вработени. Елизабет Холмс, која денеска има 30 години, е најмладата милијардерка на светот која сама го создала своето богатство, односно не го наследила.

milijarderkaВо позадина на нејзиниот успех е нејзиниот идеализам и желбата да го промени светот на подобро. Иако го напуштила Универзитетот Стенфорд и никогаш не дипломирала, Холмс на светот му понудила револуционерен систем за тестирање на крвта, кој овозможува рано откривање на здравствените проблеми, пред тие да се претворат во болест опасна по живот.

„Ние веруваме дека пристапот до здравствени информации во момент кога тоа е најважно, е основно човеково право. Работиме за тоа да му го овозможиме на секој, без разлика на тоа колку пари има, каде живее или какво здравствено осигурување има, да има пристап до информации кои можат да му го променат животот“, вели Холмс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1