Ова е најопасниот терорист во свето (Видео/Фото)


Саудиецот Ибрахим Ал Асири е прогласен за најопасен терорист во светот. Тој умее да создаде минијатурни експлозивни направи што не може да ги открие ниту еден детектор.

Иновациите што досега се откриени на, како што уште го нарекуваат, „злобниот гениј за минијатурни бомби“ ги претстави американската управа за безбедност во сообраќајот. Една од нив е експлозивот со кој обидел да дигне во воздух американски патнички и товарни авиони, а бил скриен во долна облека.

Триесет годишниот Ал Асири познат по прекарот Абу Салех е роден во Ријад и студирал хемија. Се смета за експерт за експлозивот пента –еритритол – тетра – нитрат, од кој прави експлозивни направи без метални делови поради што не можат да бидат откриени.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1