Ова е новата љубов на Том Круз


Том Круз излегува со Лора Препон веќе неколку месеци.

Холивудскиот актер Том Круз и колешката Лаура  потврдија дека се двојка. Искрата меѓу нив пламнала уште во ноември минатата година, кога акциониот херој ја поканил на ручек во хотел Manor во Ел Еј. Тој дошол да ја земе за средбата со ретро автомобил и изразил почит за нејзината игра во серијата “Портокаловата е новата црна”.

tom kruz“Двајцата минаа три часа во смеа и шеги. Јасно беше дека Том е воодушевен од неа. По средбата беше на седмо небо. Дојдоа во ресторанот и втор пат. Неколку дена подоцна тој ја придружуваше на вечерна забава во домот на Џон Траволта и Кели Престон “, издаде извор од хотелот.

Минатата година имаше гласини дека ѕвездата од “Невозможна мисија” и колешката излегуваат заедно. Сега веќе е јасно дека нивната врска е факт. Двајцата беа забележани да вечераат во хотел во Лос Анџелес минатиот ноември, но и покрај нивните напори да ја задржат врската во тајност, колегите на Лора открија нивните односи.

Том ја познава Лора од години. Ја поканил на состанок, откако ја гледал во ситкомот Orange Is The New Black. Средбата им била во хотел Manor, а тој ја зел со ретро автомобил.

Лора во минатото имала врска со својот колега Крис Матерсон, кој исто така е сциентолог. Двајцата се разделија во 2012 година. Том има три брака зад грб – со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1