Ова е пиво само за вистински мажи (Видео)


Додека во целиот свет сите се алкохолизираме од 3,4,5,6 пива во Шкотска со новиот бренд на пива нема да можете да останете трезни по само половина чаша.

Шкотската пивара Brewmeister го произведе најсилното пиво во светот, Армагедон. Тоа што ова пиво го прави најсилно пиво во светот се неверојатните 65% алкохол.

Додека останатите пива имаат од 4% до 8% алкохол( еве еден помалку знаен факт, во деведесетите години на 20 век Скопско имаше до 12% алкохол во пивото) ова пиво може да се носи со најжестоките виски,ракии,бурбони,вотки и останати жестоки пијалоци. Сепак пред да го нарачате слушнете ја и цената, која е жестока како и самото пиво, за 330 милилитри шише ќе треба да платите 40 фунти, околу 3000 денари.

Производителот, сепак има неколку совети во врска со ова пиво. Прво, не го мирисајте, бидејќи и самиот мирис може да ве опие. Второ, ова пиво треба да се пие како најфиното виски, бидејќи има префинет вкус, малку сладок, но убиствен. И трето, не го пијте едно шише сами, туку со помош на вашите пријатели.

Исто така производителот напоменува дека волку висока концентрација на алкохол во пивото се добива со помош на замрзнување на пивото во процесот на дестилација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1